Илон Маск може да стане првиот трилионер во светот

- Advertisement -

Илон Маск моментално е најбогатиот човек во светот, а изгледа дека тоа богатство само ќе го зголеми. Така, главниот човек на компанијата Tesla може да стане првиот трилионер во светот, сметаат аналитичари на Morgan Stanley.

Маск веќе е најбогатиот човек во светот со имот вреден 241 милијарди долари. Најголем дел од тоа доаѓа од неговата компанија, која произведува електрични автомобили, но благодарение на успесите на SpaceX во истражувањето на вселената и вселенскиот туризам, прашање на време е кога ќе стане првиот трилионер во светот.

- Advertisement -

Аналитичарот Арам Џоунс од Morgan Stanley истакна дека од самиот почеток во 2002 година SpaceX ги поместува границите и роковите на возможното, кога станува збор за ракетите, лансирните возила и инфраструктурата.

Еден аналитичар вели дека ако Илон Маск стане првиот трилионер, тоа нема да биде поради Teslа. Други велат дека SpaceX може да стане највредната компанија во светот во кој било индустриски сектор.

- Advertisement -

SpaceX го смени начинот на кој светот гледа на истражувањето на вселената. Летовите во вселената, кои досега беа реткост и за кои требаше голема подготовка и да се има многу среќа, станаа уште една разонода за богати и влијателни во последните неколку месеци. Тоа е во голем дел заслуга на SpaceX затоа што компанијата прва дојде на идеја да произведе ракети кои може да се користат повеќе пати.

Таквите ракети сега се реалност, па трошоците за летовите во вселената е многу помали и достапни за најбогатите. Аналитичарот Џоунс смета дека SpaceX може да стане предводник на многу полиња – вселенска инфраструктура, истражување на вселената и набљудување на Земјата. Проектот за сателитскиот интернет Starlink исто така ќе биде клучен за раст на компанијата. Џоунс проценува дека SpaceX вреди 200 милијарди долари. Маск е сопственик на 48% од компанијата.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -