Ова е најбрзиот полнач за електрични автомобили во светот

- Advertisement -

Запознајте го најбрзиот полнач за електрични автомобили во светот, кој за само 3 минути може доволно да ја наполни батеријата од автомобилот за тој да помине дури 100 км, а потребни се само 15 минути за целосно да се наполни.

Тоа е дупло пократко време во споредба со моментално најбрзите полначи во светот, кои полнат до 80% од батериите за околу половина час.

- Advertisement -

Новиот полнач се вика Terra 360, а го направи швајцарската технолошка компанија АВВ. Полначот ќе биде достапен во Европа од крајот на оваа година, а во САД, Латинска Америка и во Азиско-пацифичкиот регион ќе биде достапен во 2022 година.

Денес во светот има повеќе од 10 милиони електрични возила по патиштата. Само во првиот квартал од 2021 година продажбата на електрични возила се зголеми за 140%, но изградбата на соодветната инфраструктура заостанува. Денес во светот има само 400.000 брзи полначи за електрични автомобили, од кои во САД има само 17.000.

- Advertisement -

Времето кое се троши на полнење на батериите на електричните автомобили е една од главните причини што ги одвраќаат луѓето од купување електричен автомобил – тоа е проблем кај дури кај 37% од луѓето. Станиците за брзо полнење кои се поставени поблиску до луѓето ќе ги олеснат подолгите патувања ии ќе го намалат стресот кај луѓето дали ќе стигнат до некоја одредена точка.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -