Ова се земјите со најмногу нуклеарни реактори во светот

- Advertisement -

САД се наоѓа на врвот на листата со земји кои имаат најголема нуклеарна моќ. Земјата има 93 оперативни нуклеарни реактори, што е многу голема бројка, да речеме, во споредба со Јапонија, која има само 9 реактори. Јапонија изгуби 39 рекактори од 2011 година досега додека Кина има 39 нови во споредба со 2011 година.

Се очекува дека во текот на наредните години Јапонија официјално ќе се престане со изградба на нуклеарни централи и реактори. Од 2011 година наваму има генерален пад во генерирањето нуклеарна енергија, и покрај растот на бројот на реактори во Кина.

- Advertisement -

Според Извештајот за статусот на светската нуклеарна индустрија за 2021 година, глобалното генерирање нуклеарна енергија паднало за 3,9% во 2020 година и поокрај растот во Кина од 4,4%. Во 2021 година, пак, во светот се функционални вкупно 415 реактори, односно 22 помалку отколкку во 2011 година. 26 реактори се складирани на долг рок, а 53 се во изградба, од кои половина се во Кина, а половина во Индија.

Според извештајот, вкупно 33 земји во светот имаат нуклеарни реактори, а само 14 активно ја развиваат таа технологија, вклучуваајќи ги и новодојдените Белорусија и Обединетите Арапски Емирати од 2020 година.

- Advertisement -

Само три земји кои имале нуклеарни енергетски програми досега ги исклучија сите реактори – Италија во 1987 година, Казахстан во 1998 година и Литванија во 2009 година.

Ова е целосната листа со земји со најмногу реактори во светот:

- Advertisement -

1.САД – 93 реактори

2.Франција – 56 реактори

3.Кина – 52 реактори

4.Русија – 38 реактори

5.Јужна Кореја – 23 реактори

6.Индија – 21 реактори

7.Канада – 19 реактори

8.Украина – 15 реактори

9.Обединето Кралство – 13 реактори

10.Јапонија – 9 реактори

(World Economic Forum)

(фото:Wikimedia )

Сподели!
- Advertisement -