Вредноста на Tesla наскоро ќе надмине трилион долари

- Advertisement -

Во време кога поради пандемијата почна да се затвора целиот свет, цената на една акција на компанијата на Илон Маск, Teslа, изнесуваше околу 85 долари. Она што следуваше потоа веројатно ги изненади и најоптимистичните вработени во компанијата на Мас. Растот кој го оствари Tesla и покрај пандемијата, карантините и општата несигурност e повеќе од импресивен.

Така, на затворањето на берзата вчера една акција на Tesla вредеше над 900 долари. Ако Tesla продолжи со вакво раст, изгледа дека се приближуба моментот кога ќе надмине вредност од трилион долари. Со тоа и Маск и Tesla би влегле во избрано друштво на компании чија вредност сега е поголема од трилион долари, а тоа се Apple и Microsoft, кои веќе вредат над 2 трилиони долари и Amazon и Alphabet.

- Advertisement -

Како што пишува сајтот Electrek, вредноста на Tesla моментално е поголема од заедничката вредност на најмалку половина од компаниите на пазарот за автомобили. Причините за постојаниот раст на вредноста се големата побарувачка за нивните автомобили, зголемувањето на продажната маржа, како и фактот дека заклучно со последниот квартал во рок од една година успеаја да произведат 1 милион автомобили.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -