- Advertisement -
Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата за уште два работни дена, односно до 27 октомври. Од УЈП денеска соопштија дека причина за продолжувањето на рокот е отежнатото поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци.
Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува.
- Advertisement -
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10.2021) се продолжува за два работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.10.2021 година, наведува УЈП во соопштението.
- Advertisement -