Фластери направени од овошје

- Advertisement -

Пластиката е сеприсутна во нашиот свет и може да се најде во одредена количина во сите предмети кои ги користиме секојдневно. Токму затоа напорите да се намали количина новопроизведена пластика и да се намали пластичниот отпад не вродуваат со толкав плод како што се очекува.

Сега постои уште еден пластичен производ кој можеме да го замениме со органска одржлива алтернатива. Станува збор за фластерите кои ги користиме за помали повреди. За разлика од стандардните, научници создадоа фластери направени од отпад од овошје.

- Advertisement -

Направени се од лушпата на овошјето дуриан, кое се консумира во Југоисточна Азија. За да дојдете до делот од овошјето што може да се јаде, треба да фрлите повеќе од половина од овошјето. На тој начин се создава огромна количина отпад од овошје. Затоа, студенти од Сунгапур исецкале и исушиле лушпа од дуриан. Потоа од нив ја екстрахирале целулозата во форма на прав и ја помешале со глицерол. Добиениот мек хидрогел може да се сече на ленти како фластер.

Овие фластери ќе ја чуваат раната навлажнета и ќе ја разладуваат, на тој начин помагајќи и да заздрави побрзо. Исто така, поевтини се од обичните фластери, кои користат скапи бакарни и сребрени јони за да ги убијат бактериите. Истата технологија може да се примени кај друг отпад од храна, како што се зрната соја.

- Advertisement -

Жителите на Сингапур јадат по 12 милиони плодови дуриан годишно. За дуриан има поделени мислења затоа што овошјето има многу силен мирис, кој многумина го споредуваат со скапан кромид, канализација или валкани чорапи. Од таа причина овошјето е забрането да се консумира во метрото во Сингапур.

Лушпите и отпадот од дуриан главно се фрлаат или се запалуваат. Ако отпадот од дуриан почне да се користи за производство на овие фластери, оваа овошке ќе стане социјално поприфатлива.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -