Вистинската приказна за една детска штедна книшка

- Advertisement -

Приказната за мојата детска штедна книшка е навистина интересна.

Сум почнала да штедам уште пред да знам за себе. Родена сум пред речиси 40 години, во октомври – месецот на штедење. Моите родители одлучиле да ми отворат штедна книшка и за почеток вложиле некоја незначителна сума. Ги орочиле парите и секогаш кога имале прилика додавале средства на депозитот. Паметам, кога имав 7-8 години ми ја покажаа детската штедна книшка и ми го објаснија концептот на штедење. Тоа за мене беше нов свет. Иако не разбирав во целост како функционира штедењето, книшката ја чував како вистинско богатство. Кога потпораснав, дури ја чував меѓу старите книги и тетратки од претходните одделенија, бидејќи ја доживував како нешто на кое треба многу да внимаваме. Родителите ми имаа објаснето дека бројките внесени во неа всушност значат колку пари сум успеала да заштедам.

После некое време едноставно заборавивме на штедната книшка. Буквално со години ја немавме проверено состојбата. Веројатно секој си беше посветен на своите обврски. Јас на училиштето, моите родители на нивните професионални ангажмани. Сè додека еден ден, кога бев речиси полнолетна, барајќи некои стари книги, не налетав на штедната книшка. Ја отворив и видов дека поминале повеќе од 10 години од последниот пат кога беше пресметана каматата и внесена сумата која ја имам заштедено. Со татко ми отидовме во банката без некои особени очекувања. Но, потоа следуваше едно навистина позитивно изненадување. Кога нѝ ја кажаа вкупната сума која се собрала на мојата штедна книшка, искрено се израдував. Да се разбереме, не беше тоа некое богатство, но за мене вредеше и повеќе од тоа. Парите ги искористив за едно убаво патување низ Европа по завршувањето на средното училиште, патување кое ќе го паметам цел живот.

- Advertisement -

Сега, 15-тина години подоцна, јас штедам за мојот син. Веќе го учам за придобивките од штедењето, редовно ја следиме состојбата на неговата детска штедна книшка и се радуваме на секој заштеден денар. Го избравме детското штедење Халки, бидејќи условите се навистина поволни, а во текот на октомври – месецот на штедење Халкбанк обезбеди промотивни каматни стапки за сите дечиња штедачи.

Но, верувале или не тоа не беше единствената причини да станеме дел од детското штедење Халки. Симпатичното слонче е еден од омилените ликови на мојот син. Редовно ја читаме неговата сликовница, ги следиме сите негови едукативни видеа и поткасти, посветени на инклузијата, заштитата на животната средина, другарството итн. Особено ја поддржуваме последната активност на Халки, кој сите средства од продажбата на ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“ ќе ги донира на дечињата од СОС Детско село.

- Advertisement -

Јас би сакала мојот син заштедените пари да ги вложи во своето образование. Но, не се знае. Можеби и тој ќе избере да патува на некоја интересна дстинација, како што направив јас. Или пак да го гледа во живо неговиот омилен фудбалски тим. Всушност, има многу креативни и корисни начини како да се искористат заштедените пари. Покрај исполнувањето на желбите и соништата, штедењето има и дополнителни придобивки за децата. Ги учи на дисциплина и придонесува за зголемување на нивната финансиска писменост. Затоа сум сигурна дека вреди да се штеди. Како што ви раскажав, токму јас сум најдобар доказ за тоа.   

Фото – Max Pixel

Сподели!
- Advertisement -