Со FitKit мобилната апликација повеќе не одиш на вежбање, вежбалната доаѓа со тебе

- Advertisement -

Брзото темпо на живот во услови на пандемија наметна нови начини на вежбање и одржување на здрав и активен лајфстајл. Вежбањето во било кое време и на било кое место стана новиот тренд и потреба. За да ти помогнеме во оваа мисија, ги комбиниравме најдобрите фитнес практики и ја подобривме FitKit апликацијата, носејќи ја уште поблиску до секој корисник.

FitKit креираше уникатна платформа (FitKit Plus) со видео програми за вежбање со наши локални тренери и неверојатни пакети што ти ставаат тренер и вежбална во твојот џеб.

- Advertisement -

FitKit Plus ти овозможува со само неколку клика да си избереш програма по твој избор, да ја отклучиш со 990 денари или 15 кредити и ја имаш достапна засекогаш на твојот FitKit Plus профил.

Зад македонскиот Netfilx за вежбање стојат здружените сили на Ангелина, Јосиф и сите тренери кои во текот на целата пандемија неуморно работеа да ја доближат физичката активност до вежбачите во моменти кога вежбањето во сала не беше опција.

- Advertisement -

FitKit Plus е плод на нивниот неколкумесечен напор.

-Идејата е достапност на разновидни видео тренинзи било кога и било каде. Вежбањето од дома е тука за да остане, можеби не во истиот облик како во пандемија, но дефинитивно ќе се практикува повеќе од порано, вели Ангелина, основач на FitKit.

- Advertisement -

FitKit Plus е создаден за дополнително да ти го олесни вежбањето на место и во време кое најдобро ти се вклопува во распоред.

-Вежбачите добиваат флексибилност и можност да вежбаат одредена програма или да бидат покрај некој од локалните тренери во време и услови кои што самите си ги поставуваат. Луѓе кои живеат надвор од местото на живеење на нивниот омилен тренер, луѓе кои не можат да ги искористат фиксните термини од распоредот на тренерот, со FitKit Plus ги заобиколуваме овие препреки, објаснува Јосиф, ко-основач на FitKit.

Освен новата FitKit Plus програма, апликација ги надградува своите претплати со цел да им овозможи на корисниците пристап до активности преку физичка посета на локациите за вежбање или релаксација, пристап до онлајн вежбањата во живо, пристап до FitKit Plus видео програмите за вежбање и можност да искористат паричен ваучер за да си купат опрема или облека за вежбање.

Со новите претплати можеш да добиеш неограничен пристап до активности за вежбање и релаксација и паричен ваучер до 21.000 денари кој што можеш да го искористиш за шопинг кај FitKit партнерите.

FitKit Plus е само додадена вредност на FitKit. Користејќи ја мобилната апликација и некој од пакетите или претплатите, добиваш пристап и до видео програмите за вежбање. И понатаму можеш да посетуваш локации и активности или пак да се приклучуваш на онлајн тренинзи во живо. Изборот е целосно твој.

-Онлајн вежбањето и вежбањето од дома нема да не потсетува на пандемија, туку на подобро управување со времето. И кога ќе ја нема пандемијата, вежбањето онлајн ќе остане атрактивно и потреба за вежбачите. Не секогаш сме расположени да излеземе од дома, да спремаме торба со опрема, да возиме, да се мешаме со луѓе. Супер е да го имаме како опција и да им помогне на многу луѓе да немаат прекини во вежбањето, велат Јосиф и Ангелина.

Иновациите на оваа апликација нема да застанат овде. FitKit фамилијата постојано расте и денес брои над 13 илјади регистрирани корисници, постојано ширејќи го кругот на соработници, локации и продукти.

Во план се многу нови поволности за корисниците со што FitKit би прераснала како алатка за индивидуи кои сакаат постојано да се физички активни. Мобилната апликација е достапна на App Store и Google Play.

Со новата FitKit Plus програма, вежбачите немаат повеќе изговори да ја прескокнат физичката активност!

Сподели!
- Advertisement -