Марк Цукерберг го откри ново име на Facebook

- Advertisement -

Шефот на Facebook, Марк Цукерберг, конечно откри кое ќе биде новото име на компанијата. Со оглед на тоа дека веќе најави дека планира компанијата да се посвети на метавселената, новото име на компанијата ќе биде изведено од тоа и ќе гласи едноставно – Meta.

„Ние сме компанија која гради технологија за поврзување. Заедно конечно можеме да ги ставиме луѓето во центарот на нашата технологија. Заедно можеме да отклучиме значително поголема економија на креатори“ изјави Цукерберг.

- Advertisement -

Тој додаде дека името Facebook сега не ги опфаќа во целост сите активности на компанијата и дека се уште е тесно поврзано само со еден производ. Но, откри дека се надева оти со тек на време луѓето на компанијата ќе почнат да гледаат како на метавселенска компанија.

Цукерберг има корисничко име на Twitter, @meta и страница meta.com, која сега пренасочува на страницата за добредојде на Facebook и ги опишува промените. Тој денес на блог напиша дека корпоративната структура на компанијата нема да се смени, но ќе се смени начинот на кој известуваат за финансиските резултати.

- Advertisement -

Почнувајќи од резултатите за последниот квартал од годинава тие ќе известуваат за два деловни сегменти – Family of Apps и Reality Labs. Исто така, Цукерберг откри дека планираат од 1 декември да почнат да тргуваат под нова ознака на акциите кои ги резервирале – MVRS.

(The Verge)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -