Mercedes направи комби кое додека вози го прочистува воздухот

- Advertisement -

Mercedes-Benz го претстави своето тест возило за достава – електричното комби со името Sustaineer, кое поседува специјални филтри од предната страна и под возилото кои го прочистуваат воздухот одоколу без оглед на тоа со која брзина возите.

За да биде уште повеќе неутрално по околината, Sustaineer има диск кочници од лиено железо со керамички премаз кои ја намалуваат количината прашина во воздухот и го ограничуваат трошењето на кочниците. Продолжениот досег се должи на вградените кровни соларни панели.

- Advertisement -

Комбито има и систем за греење кој штеди енергија и голема употреба на рециклирани материјали. Комбито има и помало загадување на воздухот со бучава благодарение на тихиот електричен погон, гумите со мал отпор при вртење и пригушените автоматски врати на товарниот простор.

Безбедноста исто така е многу битна за Mercedes. Посебна камера ги следи условите на патот за да направи извештаи за дупките и другите опасност во паметните градови, додека дигиталните ретровизори овозможуваат појасно видно поле отколку кај другите товарни комбија. Понатаму, тука е и биолошки активното светло, кое возачот го држи буден така што кабината ја осветлува со слична светлина како дневната сончева светлина.

- Advertisement -

Mercedes засега уште нема никакви планови да почне сериско производство на Sustaineer, но технологијата која е користена во него можеме да ја видиме во идните модели на возила.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -