Хрватската компанија Include ја претстави својата најнова иновација

- Advertisement -

Хрватската компанија Include на младиот хрватски иноватор Иван Мрвош ја претстави својата најнова иновација, решение кое треба да помогне да се следи квалитетот на воздухот во градовите. Станува збор за станица за мерење на квалитетот на возухот по името Aerys, која е достапна во три варијанти (P, G и X), кои може да се постават на локации на кои се собира голем број луѓе како што се парковите, училиштата, плоштадите и други локации.

Моделот Aerys P овозможува мерење на концентрацијата на лебдечки честички кои претставуваат најголем извор на загадување. Моделот Aerys G ја мери концентрацијата на NO, NO2 и O3 гасовите, додека Aerys X ги опфаќа лебдечките честички, отровните гасови и основните атмосферски услови.

- Advertisement -

Како што открија од Include, овие станици не се замена за професионалните мерни станици, но нивната пристапна цена значи дека може во градовите да се постават повеќе такви станици во заедничка мрежа и да се имаат релевантни информации за квалитетот на воздухот на многу повеќе локации.

Досегашните производи на компанијата, како што се паметните клупи, се поставени во 59 земји во светот, така што и со најновиот производ ги таргетираат тие исти пазари, велат од Include. Првите мерни станици веќе ги испорачуваат во Рим, каде што се довршува изградбата на паметен плоштад, каде што ќе бидат инсталирани и паметните клупи на Include, Steora.

- Advertisement -

Податоците кои ги собираат мерните станици се многу битни затоа што со нивна помош градовите добиваат увид во изворите на загадување и нивната концентрација, додека самите граѓани добиваат информации за состојбата на воздухот во посебни населби., Целта е граѓаните секаде да имаат увид во тие податоци и да се зголеми свеста за квалитетот на воздухот што го дишеме, објаснуваат од Include.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Include)

Сподели!
- Advertisement -