Воздушниот сообраќај нема да закрепне од пандемијата до 2026 година

- Advertisement -

Британскиот аеродром Хитроу предупреди дека постои голема опасност патувањето со авион да не се врати на нивото пред пандемијата на КОВИД-19 се до 2026 година, и покрај тоа што последните три месеци се бележи раст на бројот на патници.

Овој аеродром соопшти дека загубите кои ги претрпел од почетокот на пандемијата досега се дури 3,4 милијарди фунти. Како што истакнаа оттаму, меѓународните патувања со авион се на прагот на закрпенување, но мора да се изоди уште долг пат.

- Advertisement -

Како тшо пренесува Guardian, Хитроу пријавил дека по прв пат забележале поратс на бројот на патници од почетокот на пандемијата затоа што многу земји почнаа да ги олабавуваат рестриктивните мерки. Бројот на патници во последните три месец се зголемил на ниво од 28% во споредба со пред пандемијата, додека количината на багаж достигнала 90% од нивото во периодот од 2019 година.

Извршниот директор на Хитроу, Џон Холанд Кеј, вели дека Велика Британија се наоѓа на прагот на излез од кризата поради пандемијата, што ќе доведе до зголемување на побарувачката, отворање на нови квалитетни работни места и повторно оживување на британската економија, но предупредува дека сето тоа може да се загрози ако не се осигура на долги стази.

- Advertisement -

Холанд Кеј ги повика сите земји во светот да се фокусираат на вакцинацијата на глобално ниво за да се овозможи меѓународните патувања да се одвиваат без тестирање.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -