Катерина Климоска започна дигитално да ги поврзува занаетчиите и малите претприемачи со големите компании!

- Advertisement -

Платформа за поврзување на занаетчии, мали бизниси, социјални претприемачи со големи организации, корпорации и инвеститори – accelera.mk е македонскиот победник на вториот регионален натпревар Балкатон 2021 за најдобро дигитално решение, организиран од Советот за регионална соработка (РЦЦ).

Зад идејата за оваа платформа, која неодамна беше претставена на четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан во Подгорица, стои амбициозен млад тим – Катерина, Анита, Дарко, Кристина, Васил и Теа. Лидерката на овој тим Катерина Климовска за Иновативност ја раскажа идејата за креирање на оваа дигитална платформа која добива и меѓународна потврда.

- Advertisement -

Разговараше – Верица Јорданова

Катерина, кажете ни што всушност е Акселера?

- Advertisement -

Акселера е платформа која им дава можност на занаетчии, претприемачи и социјални претприемачи да активираат и инкорпорираат нови модели и концепти кои повторно ќе го обликуваат нивниот бизнис на еден современ начин кој ќе им обозможи економско зајакнување преку серија начини за остварување одржлив приход. На другата страна, Акселера е платформа која ја забрзува транзицијата кон корпоративна општествена одговорност, преку пружената шанса на големите корпорации да се преселат на место каде влијанието е норма, каде иницијативата за поддршка на мали бизниси ќе придонесе во редизајнирање на нови концепти во економијата.

Идејата на тимот на “Иванов Школата за Лидери“ – Алумни Асоцијација (ИСЛАА) се роди од насушната потреба да заживеат постарите традиционални занаети, да се прослават извонредните вештини кои ги поседуваат луѓето кои се занимаваат со рачни изработки и да се привлече внимание. Зад секој од овие умешно креирани производи стои личност која го создала – и приказна. Тоа се занаетчии кои создаваат восхитувачки производи, но немаат пристап до поголема платформа која ќе им обезбеди ресурси за постигнување целосна економска автономија.

- Advertisement -

Деталната разработка на основната идеја ни обезбеди поддршка од Советот за регионална соработка (РСС) преку регионалниот натпревар Балкатон кој поттикнува соработка на земјите од Западен Балкан преку процес на креирање на иновативни, креативни решенија кои имаат за цел да ги зајакнат државите, економиите, општеството во целост, преку пружење отпор на глобалните предизвици кои се јавуваат. Обединувајќи млади иновативни луѓе, стартапи, центри за дигитални иновации, научни паркови, универзитети, мали и средни претпријатија итн., ние, тимот ИСЛАА, си го пронајдовме своето место тука и така се роди Акселера.

Во процесот на креирање на дигиталното решение, бевме водени од навистина стручен тим, тим на професори, кои соработуваa со сите тимови коишто беа добитници на награда, преку секојдневни предавања за развивање на бизнис модел КАНВАС, доделување на задачи, извршување и презентација на задачите, како на крај би се добило најдоброто дигитално решение.

Целокупната работа која траеше неколку месеци се заокружи на Дигиталниот самит на земјите од Западен Балкан каде и официјално беше презентирана дигиталната платформа.

Акселера е заедница која обединува со мисија да стане клучен актер кој ќе влијае во обликување и претставување на нови деловни модели кои водат кон подобар свет и визија да биде агент за промени кој ќе им даде поттик на големите корпорации за поголема свесност и општествена одговорност. Нашата заедница е составена од мрежа на мали компании, занаетчии, креатори на ракотворби, луѓе со јасна визија за одржување и унапредување на бизнисот и компании кои преземаат чекори за создавање општествено добро и инвестираат во заедницата за поттикнување поголема општествена одговорност.

Како може да се стане дел од Акселера заедницата?

Станувајќи дел од Акселера се добива можност за поврзување со креатори на промени. Опкружени од млад и енергичен тим креатори на влијанија, имате шанса да се поврзете со вредна мрежа. Притоа не се работи само за промотивна кампања или продажна кампања, туку за целосна поддршка и издигнување на вашиот бизнис. Станувајќи дел од ACCELERA, ќе добиете право и можност да учествувате во една од специјализираните креирани програми за забрзување, по ваш избор. Ова се специјално дизајнирани програми кои овозможуваат учество во специјални кампањи кои што ќе се креираат со различна намена во текот на една година и овозможуваат постигнување поголема продажба, помош при лансирање на нов производ или производна линија, можност за работа и поврзување со луѓе кои ја делат истата визија, како и шанса за поврзување со донатори и поддржувачи. Во секоја од програмите или кампањите, јасно ќе биде наведено за која група корисници е наменета, кои се условите за учество во програмата, каков ќе биде процесот и кој е очекуваниот резултат. Дополнително, ќе се овозможи креирање специјализирани програми исклучиво за индивидуален бизнис, согласно неговите специфични потреби и цели.

Од друга страна, ако сте ентитет кој сака да поттикне позитивна промена или да остави свој печат преку правење социјално добро, ако барате учесници во одредена програма, имате можност да поддржите (спонзорирате, донирате, образувате) мал бизнис, претприемач, занаетчија, социјално претпријатие и со тоа да го придонесете кон нивниот развој и пазарната позиција. Со тоа, добивате статус на ентитет кој остава печат и станувате дел од нашата заедница или поточно нашиот Хаб на Креатори на влијанија. Природа на соработка во нашата заедница создава врски кои не само што го зголемуваат Вашиот социјален капитал, туку и Ви помагаат да го забрзате растот, како и да го зголемите влијанието.

Преку овој мост на меѓусебна соработка, преку ACCELERA, потикнуваме промени во општеството, кои варираат од помош, поддршка, раст и развој, до бренд, репутација и позитивен имиџ.

Акселера е платформа за запознавање, поврзување и соработување. Заедништвото и партнерството кое се промовира на платформата, значи заедничко растење како едно.

Кои се идните планови?

И тука не се огранучуваме, покрај плановите за проширување на платформата во делот на поширока териоторијална опфатеност, серија други неисцрпни можности ќе бидат промовирани на платформата во скора иднина. Едно мало откритие е Акселра Еду Хаб кој ќе нуди дополнителна можност за лична, организациска, менторска или професионална помош, со цел развој на дополнителни врштини, оспособување за решавање организациски проблеми, се со цел- обезбедување подобро функционирање на бизнисот.

Сподели!
- Advertisement -