Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15% во однос на Одлуката од 25.10.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2021 година.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,242 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,135 ден/кг.

Од 2.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                              77,00              (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС – 98                             79,00 (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                        68,00              (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                        42,135           (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,292% , кај дизелот има намалување за 0,461% , кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,817% и кај мазутот намалувањето е за 0,838% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,103% .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.11.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 26.10.2021) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.

Сподели!
- Advertisement -