Роботски беспилотни такси чамци запловеа по каналите во Амстердам

- Advertisement -

Беспилотните возила се се почеста тема во последно време, но не само возилата на четири тркала. Имено, научници од МИТ и научници од амстердамскиот Институт за напредни метрополитански решенија AMS во Холандија заедно креираат автономен роботски чамец.

Флотата роботски чамци по името Roboat беше пуштена да вози по каналите во Амстердам и да превезува патници без некој што ќе управува со нив. Roboat е резултат на шест години работа и развој, во текот на кои МИТ тестираше неколку верзии на чамците, а најновата верзија се вика Roboat III.

- Advertisement -

Финалната верзија ќе може да превезува до 5 патници или 1.500 кг товар, што значи дека ќе може да доставува и стока и да транспротира отпад. Се движи целосно на електричен погон, батеријата трае 10 часа, а може да се полни безжично.

Кога чамецот ќе се приближи до пристаниште, влегува во посебен мод кој овозможува полесно паркирање. Тимот од МИТ тврди дека сензорите и технологијата на Roboat се слични на тие што се користат за беспилотните автомобили. Roboat е дизајниран да биде целосно автономен, но оператор од контролен центар на брегот се грижи се да биде во ред.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -