Во Вашингтон живеат околу 200.000 мачки – првиот град кој ги преброи овие животни

- Advertisement -

Во Вашингтон живеат околу 200.000 мачки, а ова е откриено преку фотографии кои настанаа во склоп на програмата наречена „DC Cat Count“. Се работи за тригодишен напор на активистите за заштита на животните, како и на научниците за да ја попишат секоја мачка во градот, пренесува „Н1“.

Организаторите на проектот велат дека студијата дава соодветна проценка за големината на популацијата на мачки во градот.

- Advertisement -

Околу половина од мачките се домашни миленичиња. Другиот дел се состои од мачки кои имаат ограничен или никаков пристап до надворешни простори и мачки скитници, вели Тајлер Флокхарт, конзервациски биолог кој го води проектот.

„Мислам дека не постои друг див цицач или месојад што со таква густина живее во близина на луѓето. Навистина е интересно што имаме толку многу мачки на толку мала локација“, додаде тој.

- Advertisement -

За овој попис, истражувачите, меѓудругото разговарале со репрезентативен примерок на жители, ги анализирале податоците од засолништата за животни, тргнале по посебни рути по потрага по мачки и поставиле камери на повеќе од 1.500 локации.

„Тоа е веројатно најдеталната анализа на мачки во било кој град во светот“, рече Флокхарт. Нивните камери снимиле и голем број други животни како верверички, ракуни, лисици, елени, па дури и еден рис.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

Фото – catsitterdc.com

Сподели!
- Advertisement -