Во првата целосно цивилна вселенска мисија Inspiration4 во леталото Crew Dragon се наоѓале и шишарки од хмељ. SpaceX со лансирањето на Inspiration4 мисијата во вселената направи неколку битни чекори. Освен што еден член од екипажот не беше астронаут, во орбитата се најде и првата личност која преживеала рак и првата со протетски имплант, сега се дознава дека во леталото имало и 30 кг плодови од хмељ.
После три дена астронаутите се вратија на Земјата, а со нив се врати и хмељот кој го испрати пиварницата Samuel Adams Brewery. Сега тој хмељ е искористе за производство на специјална серија пиво наречено Space Craft IPA, што значи дека малкумина ќе имаат шанса да го пробаат првото „вселенско“ пиво во светот.
За жал, пивото ќе се најде во продажба од 16 ноември само во САД, каде што пакување од 4 лименки ќе се продава по цена од 22,23 долари. Интересно е тоа што пиварницата му го даде името на пивото според предлози од корисниците на социјалните мрежи во рамките на натпревар на кој учестуваат над 5.000 луѓе.
Не е познато колку платила пиварницата за хмељот да пропатува до вселената и назад, но ова е одличен маркетинг потег.
(Vidi.hr)
(фото: Samuel Adams Brewery)