Она за што се зборуваше со месеци, а потоа и во текот на летото доби официјална потврда, сега и официјално е реализирано. Од денес Rimac Automobili се здружуваат со Bugatti Automobiles и стануваат нова компанија – Bugatti Rimac.
На чело на новата компанија ќе бид еМате Римац, кој така ќе управува со две компании кои се спој на втомобилите и технологијата, а се со поддршка на третиот производител на автомобили – Porschе.
Како што истакнаа од групацијата Rimac, тие ќе бидат мнозински акционери во Bugatti Rimac со 55% удел. Мате Римац ќе го задржи својот удел во групацијата со 35%, додека Porsche ќе има 22%. Тука ќе има удел и Hyundai Motor Group, кој изнесува 11% и останатите акционери кои имаат 32%.
Развојот, производството и испораката на батериски системи, погони и други компоненти за електрични возила, по кои е познат Rimac, ќе бидат издвоени во нова компанија-ќерка Rimac Technology, која ќе биде 100% во сопственост на Rimac Group.
Додаваат дека покрај Римац, кој ќе биде на чело на Bugatti Rimac и Rimac Technology, со компанијата ќе управува и надзорен одбор во состав Оливер Блум, претседател на Porsche AG и Луџ Мешке, заменик-директор и претседател и финансиски директор на Porsche AG.
(Zimo)
(фото: YouTube)