Мртвото Море, спектакуларно солено езеро кое се наоѓа меѓу Израел, окупираниот Западен Брег и Јордан, изгуби1/3 од својата површина од 1960-тите години досега, а повлекувањето на водата зад себе остава месечев пејзаж од бела земја со еден куп кратери.
Како што се повлекува водата зад себе остава наслаги од подземна сол. Кога врне, слатката вода влегува во почвата и ја топи солта, па бидејќи нема потпора, земјата се руши и формира кратери.
Некогаш туристичката населба Еин Геди сега е град на духови, изобличен со кратери во кои исчезнаа и плантажите на урми, како и милионите вложени во туризмот.
Итаи Гавриели, научник од Геолошкиот институт во Израел, вели дека илјадници кратери се формираат од секоја страна на Мртвото Море. Тие опасни кратери, кои истовремено се уникатни и чудесни, се директна последица на исушувањето на езерата од 1970-тите години поради девијацијата на реката Јордан и се поголемата експлоатација на минерали. Денес Мртвото Море прима само 10% вода од тоа што примало порано затоа што Израел има поголеми потреби за вода за пиење и наводнување.
Сушењето на Мртвото Море придонесува и за затоплување, на пример, во јули 2021 година во Содома, југозападно од Мртвото Море, биле измерени 49,9 степени Целзиусови. Гидон Бромберг, израелски директор на невладината организација Ecopeace, објаснува дека тие кратери се освета на природата кон луѓето поради нивното недозволено однесување.
(Zimo)
(фото: Pixabay)