Личен дневник за расположение на Разговор.мк

- Advertisement -

Тоа што не се мери, не се подобрува. Ви ја претставуваме најновата функционалност на нашат апликација, дневник за расположение.

Една од најпопуларните теми поврзана со ковид пандемијата во овој период е менталното здравје како нус појава на сите случувања. Но, иако темата е актуелна и има доста разговори околу истата, практични решенија не се понудени.

- Advertisement -

Едно од малкуте решенија кое го адресира овој проблем е апликацијата Разговор.мк. Се работи за мобилна апликација преку која луѓето може да најдат соодветен лицениран психолог и да започнат процес на советување по пристапни цени. Постои и можност тоа да го прават комплетно анонимно.

Од денес, на мобилната апликација за прв пат корисниците ќе можат да водат дигитален дневник за расположение низ одреден временски период на македонски јазик.

- Advertisement -

Корисниците со само 3 клика можат да го забележат своето дневно расположение и кои активности придонеле за истото да биде присутно.

  1. Ужасно или Одлично
    Апликацијата има креирано скалило на расположение кое е едноставно да се користи. Ужасно, Тажно, Онака, Добро или Супер.
  2. Одберете активности
    Постојат над 28 различни активности. На пример, “ТВ и серии”, “Романтичен состанок”, “Чистење по дома”, “Советување”
  3. Креирај потсетник
    Постои и можност за креирање на потсетник со цел креирање на навика кај корисникот за одржливо водење на овој дневник
  4. Следете го вашиот живот
    Апликацијата овозможува детални извештаи и аналитки за расположение и активности преку графици и листи за одреден временски период.

Наскоро, корисниците ќе можат безбедно да ги споделат податоците од овој дневник за расположение со нивниот лиценциран психолог и заедно да поработат на увиди кои ќе овозможат прецизно да се детектираат навиките кои сакаат да ги променат кај себе.

- Advertisement -

Мисијата на Разговор.мк е да им овозможи на луѓето да живеат среќни и исполнети животи. Овој дневник за расположение е добар чекор во тој правец.

Апликацијата можете да је преземете од овој линк.

(Razgovor.mk)

Сподели!
- Advertisement -