Претставен нов тест кој може да открие 50 видови карцином пред да се појават симптоми

- Advertisement -

Galleri е нов вид на тест кој може да открие повеќе од 50 видови карцином со обично вадење крв, и тоа пред лицето да добие симптоми. Како што пишува Healthline, тестот истовремено може да покаже каде се наоѓа карциномот и претставува надеж за рано откривање на болеста.

Пред седум години научници од Illuminа, компанија за секвенцирање на ДНК од Сан Диего, водеа истражување за пронаоѓање фрагменти од ДНК во крвта од трудници кои би можеле да укажуваат на хромозомски абнормалности. Во текот на истражувањето патолог открил нешто неочекувано во 10 примероци од крв – наместо хромозомски пореметувања, тестирањето покажало абнормалности на ДНК. Ова им немало смисла на истражувачите, но постоело одредено сомнение дека е во прашање рак.

- Advertisement -

Понатамошното истражување покажало дека еден од 10 учесници навистина добил дијагноза на карцином, а исто така и други луѓе во таа подгрупа имале карцином, иако немале симптоми. Ова им помогнало на научниците од Illuminа во 2016 година да основаат компанија наречена GRAIL, која создаде нов тест наречен Galleri, a може да открие рани нови фази од рак пред да се добијaт симптоми.

Во клиничките истражувања претходните верзии на Galleri покажале способност за откривање на повеќе од 50 видови карцином со само едно вадење крв. Студијата спроведена годинава вклучувала 6.600 учесници, како и клиниката Mayo, а открила 29 сигнали кои се проследени со дијагноза на рак. Друга студија пријавила лажна позитивна стапка од помалку од 1%. Вкупно GRAIL вклучил повеќе од 134.000 луѓе в клинички истражувања со тестови на крв, кои исто така покажуваат и каде се наоѓа карциномот.

- Advertisement -

„кога во овие испитувања ќе се открие сигнал на рак, тестот исто така прецизно утврдува каде се наоѓа ракот во телото“ велат од GRAIL.

Компанијатра наскоро ќе почне да ја користи технологијата за тестирање, а планот е до 2024-2025 година тестот да биде достапен за милион луѓе.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -