СЗО ја одобри индиската вакцина за корона вирусот Covaxin

- Advertisement -

Светската здравствена органиација вечра објави дека ја одобрила за итна употреба индиската вакцина против КОВИД-19 Covaxin, кој јa апроизведува компанијата Bharat Biotech.

Техничката советодавна група утврдила дека вакцината Covaxin ги задоволува стандардите на СЗО за заштита од КОВИД-19, дека бенефитите од вакцината далеку ги надминуваат ризиците и дека вакцината може да се користи.

- Advertisement -

Експертите од СЗО препорачаа вакцината да се користи во две дози на растојание од четири недели, и тоа за сите возрасни групи над 18 години.

Covaxin е седмата вакцина против КОВИД-19 кои ги одобри досега СЗО. Другите шест се вакцините на Pfizer/BioNTech, Modernа, AstraZenecа, Johnson & Johnson и кинеските Sinovac Biotech и Sinopharm.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -