НАСА ги произведе првите „вселенски“ чили пиперки

- Advertisement -

Во јуни годинава на Меѓународната вселенска станица пристигна семе од чили пиперки во рамките на експериментите на НАСА за одгледување храна во вселената, што ќе биде од голема важност кога ќе почне поставувањето на постојани бази на Марс и на Месечината.

Тој истражувачки проект наречен Plant Habitat-04 траеше четири месеци, после што следуваше бербата и дегустацијата на произведената храна, која требаше да покаже дали „вселенските“ пиперки се вкусни и може да се јадат.

- Advertisement -

Астронаутката Меган Мекартур и екипата одлучија на екипажот на Меѓународната вселенска станица да им сервираат такоси на кои ставија зелени и црвени чили пиперки, а секој астронаут доби и прашалник кој треба да го пополни пред да замие од станицата со цел НАСА да дознае дали пиперките се вкусни и дали може да бидат дел од храната која ќе се призведува на Марс.

Освен тоа што одгледувањето храна во вселената има практична цел за исхрана на астронаутите и ги олеснува логистичките предизвици при доставувањето продукти од Земјата, НАСА вели дека тоа е од голема важност за прихичкото здравје на астронаутите.

- Advertisement -

(vidi.hr)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -