Британската регулаторна агенција за лекови и здравствена заштита MHRA ја одобри употребата на првата пилула за лечење на болеста КОВИD-19. Лекот „молнупиравир“ е наменет за луѓето кои имаат позитивен тест на КОВИД-19 и имаат најмалку еден ризичен фактор за развој на тежок облика на болеста како што е дијабетес, срцеви заболувања, гојазност или се постари од 60 години.
Од MHRA истакнуваат дека лекот е безбеден и ефикасен во намалувањето на ризикот од хоспитализација и смрт кај луѓето со благи до умерени симптоми на КОВИД-19 и кај тие што спаѓаат во ризични групи.
„Молнупиравир“ го спречува размножувањето на корона вирусот во телото, а го произведуваат компаниите Ridgeback Biotherapeutics и Merck Sharp & Dohme (MSD). На тој начин лекот спречува создавање на преголемо вирусно оптоварување во телото, а со тоа и развој на потежок облик на болеста.
Од MHRA напоменуваат дека лекот треба да се земе во што пократок рок после позотивниот тест на КОВИД-19 и во текот на првите пет дена од поставувањето на дијагнозата на болеста.
(Zimo)
(фото: Flickr)