Загадувањето со јаглерод-диоксид го достигна нивото од пред пандемијата

- Advertisement -

Загадувањето со јаглерод диоксид достигна ниво како пред пандемијата на корона вирусот, што значи дека останува се помалку време за борба против глобалното загадување, предупредува студијата објавена денес.

Пандемијата затвори голем дел од светот и економијата зависна од фосилни горива, што предизвика неверојатне пад на вкупната емисија на стакленички гасови од 5,4% во 2020 година. Меѓутоа, во текот на 2021 година нивото на штетни гасови со ефект на стаклена градина е за само 1% пониско од максимумот во 2019 година, се наведува во извештајот Global carbon project.

- Advertisement -

„Студијата не враќа вп реалноста во врска со она што се случува во светот додека во Глазгов се дискутира за тоа како да се бориме против климатските промени“, изјави една од авторките на студијата, климатологот Корин ле Кер.

Иако предвидената емисија на CO2 за 2021 година треба да се задржи на 4,4% и да биде пониска од емисијата забележана во 2019 година, научниците предупредуваат дека секторот сообраќај уште не закрепнал од кризата предизвикана од пандемијата.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -