Многумина не сакаат да гледаат игли и се плашат од примање вакцина или инјекција токму поради тоа. Во ваква доба кога вакцините се битни за опстанокот на човечката раса, таквиот проблем ја отежнува вбакцинацјата против КОВИД-19.
Сега една компанија основана при стартап инкубаторот на Универзитетот Вотерло го пртстави првиот робот во светот кој може да врши интрамускулно инјектирање. Роботот се вика Cobionix, нагалено Cobi и нему не му треба игла за да даде инјекција или вакцина. Наместо тоа користи млаз на течност под многу висок притисок, кој не е подебел од човечко влакно, за течноста да ја пробие кожата и да влезе во телото.
„Cobi е повеќенаменска платформа за роботи која може да врши разни задачи 100′ самостојно. Ние го опремивме Cobi со технологија за давање инјекции без игла за да покажеме дека пациентите може да примаат интамускули инјекции без потреба од игли“ вели Тим Ласвел, соосновач и извршен директор на Cobionix.
Cobi има и многу други предности. На пример, може ефикасно да го надомести недостигот од здравствени работници. Исто така, роботот е побезбедна алтернатива за вакцинирање на пациенти затоа што други луѓе не мора да бидат изложени на опасност. Cobi може и да скенира лични документи и да потврди идентитет. Може да го најде најдоброто место на телото на пациент каде да се даде инјекција.
Но, вештините на Cobi не се ограничени на здравствениот сектор. Креаторите велат дека роботот може да работи и во услужни дејности и во технолошки сектори. Со мали подесувања и кодирања Cobi може да стане целосно нов робот подготвен за сосема друга задача.
Вистинската вредност на Cobi е тоа што е целосно автонматизиран. Некои роботи мора да бидат мониторирани од луѓе, кои ги контрлираат нивните движења. Но, Cobi е програмиран да функционира самостојно. Роботот уште не е подготвен за продажба. Можеби ќе поминат уште две години додека целосно се автоматизираат сите функции на Cobi, но неговите креатори се оптимисти дека тоа ќе се случи многу наскоро.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)