Во Виена успешно изведена операција со нова роботска технологија

- Advertisement -

На Универзитетската клиника за оториноларигнологија во Виена беше направена една од првите операции во светот со користење нова роботска технологија. Како што соопштија од Градот Виена, уредот во текот на кохлеарна имплантација целосно автоматски и минимално инвазивно овозможил пристап до внатрешното уво.

Роботската хирургија веќе неколку години е составен дел од хирургијата. Рoботите се користат како продолжена рака на хирурзите и ги пренесуваат нивните движења на најмал можен простор. Новата технологија со којашто е изведена операцијата во Виена работи без мануелно управување и целосно автоматски со помош на прецизен навигационен систем.

- Advertisement -

Како што велат од клиниката, новата технологија може да се спореди со автoпилотот во авионот. Како автопилотот и роботот работи со помош на прецизен навигационен систем, кој ги содржи сите неопходни информации за внатрешното уво во кое се вградува имплантот. Роботот може да работи и да се движи самостојно, без управување.

Меѓутоа, системот не функционира целосно без човечки фактор. Пред операцијата се прави тридимензионален модел на внатрешното уво врз основа на компјутерска томографија. Ако се пресмета дека роботот има непречен пристап до увото, дека не погодува артерија или нерв, операцијата е возможна. Хирургот само мора да направи рез зад увото и да го постави имплантот.

- Advertisement -

Роботот постепено буши, а меѓу поединечни постапки се врши контрола. Ако некои од вредностите не се поволни за пациентот, роботот автоматски ја прекинува операцијата, која потоа ја продолжува хирургот. Технологијата за роботот Hearo ја разви швајцарската компанија за медицинска технологија Cascination заедно со компанијата за медицинска технологија Med-El од Инсбрук.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -