Huawei се подготвува во февруари да претстави телефон на преклоп од нова генерација. Според новите информации, Huawei во февруару 2022 година ќе претстави нов смартфон на преклоп во рамките на серијата флегшип телефони Mate 50.
Компанијата моментално врши тестирања на сензорите се отпечаток на прст, кои се сместени под екранот, како и на ОЛЕД екран за идната генерација смартфони.
Се очекува дека новиот мобилен телефон на преклоп ќе има POL-LESS ОЛЕД технологиа на компанијаѕа Samsung Display, поради што екранот би требало да биде посветол за 20%-30%.
Засега Huawei во својата понуда на телефони на преклоп ги има Mate X, Mate Xs и Mate X2. Покрај нив, компанијата развива смартфон кој ќе се преклопува навнатре, а тој уред ќе се најде на пазарот до крајот на оваа година. Моделот е дизајниран како телефоните на Samsung – Galaxy Fold и Galaxy Z Fold 2.
(klix.ba)
(фото: Trusted Reviews)