Направен материјал кој на директно сонце држи 12,5 степени пониска температура

- Advertisement -

Научниците успеаја да преработат свила со додавање наночестички за да се зголеми нејзината способност за рефлексија на сончевата светлина. Подобрената свила сега одбива 95% од сончевата светлина, што значи дека го држи телото на пријатна температура дури и во најтоплите денови.

Џиа Жу од Универзитетот Нанџинг и Шахуи Фан од Универзитетот Стенфорд и нивниот тим биле инспирирани од свилата, која дава лувство на ладење на кожата затоа што ја рефлектира светлината која паѓа на неа, најмногу од инфрацрвениот и видливиот спектар, а исто така ја впива и топлината од телото.

- Advertisement -

Така, тие успеале да конструираат свила која може да рефлектира многу поголем дел од сончевиот спектар- дури 95% – на тој начин што во свилата вградиле влакна со наночестички од алуминиум оксид, кои ја рефлектираат и ултравиолетовата светлина од сонцето.

Кога научниците го изложиле тој материјал на сончева светлиа откриле дека останувал 3,5 степени поладен од околината. Тоа е воедно и првиот материјал кој останува поладен од воздухот околу него додека е изложен на директна сончева светлина.

- Advertisement -

Откриле и дека ако го стават тој материјал преку некоја површина која е дизајнирана да симулира кожа температурата на таа површина е 8 степени пониска на директно сонце во споредба со обичната свила. Но, резултатот бил уште подобар ако се спореди со памучната облека – разликата е дури 12,5 степени.

Потоа од материјалот направиле маица и побарале од волонтери да ја облечат и да стојат на директно сонце на температура од 37 степени Целизусови. Инфрацрвените сензори покажале дека маицата останала ладна.

- Advertisement -

(New Scientist)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -