Тим од истражувачи од Јапонија развија вакцина која успеала да го убие ХИВ вирусот кај макаке мајмуни во текот на првичните тестирања, а тоа ја подигна надежта кај повеќе од 37,7 милиони луѓе кои живеат со ХИВ дека ќе се стави крај на пандемијата на СИДА.
За среќа, СИДА-та повеќе не е смртоносна болест се додека пациентите редовно ги примаат третманите со лекови. Тие главно примаат лекови кои го намалуваат присуството на вирусот во нивните тела и се сведува на ниво кое веќе не може ниу да се детектира. Додека тој третман значи дека вирусот повеќе не може да се пренесува на други луѓе, ниту најефективната антивирусна терапија не може целосно да го елиминира вирусот. А долготрајната употреба на тие третмани не само што е скапа алтернатива, туку може да има и несакани ефекти.
Јапонските научници сега создадоа вакцина со употреба на посебна бактерија која го поттикнува имунолошкиот одговор на телото комбинирана со ослабен вирус кој предизвикува СИДА. Кај седумте макаке мајмуни инфицирани со ХИВ после третирањето со таа вакцина не можеле да се откријат никакви траги од вирусот. Истражувачите сега се обидуваат да направат слична вакцина за луѓе. Се очекува дека за 5 години отсега вакцината ќе биде подготвена да се тестира на луѓе.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)