Американци успеаја да излечат парализа кај глувци

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Нортвестерн во САД развија нова терапија која може да помогне во лечењето на парализата и дури да помогне за регенерирање на оштетеното ткиво кое настанало при повредна на рбетниот мозок. Во студијата која ја објавија во списанието Science тие опишуваат како со помош на само една инјекција во ткивото кое го опкружува рбетниот мозок кај парализирани глувци успеале да им овозможат на животните да проодат после само четири недели.

Со испраќање на биоактивни сигнали кои ги поттикнуваат клетките на обновување и поправање, оваа револуционерна терапија може да го смени начинот на кој се лечат сериозните повреди на рбетниот мозок.

- Advertisement -

Како што велат авторите на студијата, откако терапијата ќе го направи своето, материјалите се распаѓаат до хранливи состојки за клетки во рок од 12 недели и потоа целосно исчезнуваат од телото без никакви нуспојави. Ова, воедно, е и првата студија во која научници го контролираат движењето на молекулите преку промените во хемиската структура за да ја зголемат ефикасноста на терапијата.

Нашето истражување се фокусира на наоѓање терапија која може да спречи луѓето да останат парализирани после некоја несреќа или повреда. Со децении токму тоа беше главниот предизвик на научниците затоа што нашиот централен нервен систем нема можност за закрепнување после повреда или појава на некоја дегенеративна болест“, вели главниот автор на студијата, Семјуел Штуп.

- Advertisement -

Тој додава дека моментално нема терапија која може да поттикне обновување на ткивото на рбениот мозок, па токму тоа било мотив за неговото истражување. Како што објаснува, тајната е во управувањето на движењето на молекулите за тие да можат да ги најдат и да се насочат кон клеточните рецептори, кои се постојано во движење.

Терапијата која ја осмислил заедно со колегите подразбира вбризгување течност, која се претвора во гел составен од сложени мрежи на нановлакна, кои имитираат сложена мрежа составена од цела низа мултидоменски макромолекули организирани во форма на клетки или ткива. Со создавање на соодветни мрежни структури, имитирање на движењето на биолошките молекули и вклучување на сигнали за рецептори, синтетичкиот материјал може да комуницира со клетките.

- Advertisement -

Иако Штуп и неговиот тим докажаа дека може да се излечи рбетниот мозок, оваа нивна терапија може да има многу поширока примена.

(Interesting Engineering)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -