Во Португалија шефот не смее да ви се јави и да ви прати порака по работното време!

- Advertisement -

Португалскиот Парламент усвои закон со кој им се забранува на работодавците да им се јавуваат или да им пишуваат пораки на своите вработени кои работат на далечина по крајот на работното време, објави Еуроњуз.

Според новите правила, работодавачот може да биде казнет поради прекршување на законот. Освен тоа, газдите повеќе нема да можат да ги мониторираат вработените кои работат од далечина. Меѓутоа, португалските пратеници го одбија предлогот за легализирање на т.н „право на исклучување“ – законско право за исклучување од деловни „четови“ и уреди по работното време.

- Advertisement -

Дополнително, од бизнисите ќе се бара да ги покријат трошоците направени од работниците како резултат на преминот кон работа на далечина. Ова се однесува на сметките за струја и интернет, но не и за вода.

Новите правила се добра вест и за родителите на мали деца. Тие сега имаат право да работат од дома без да мораат да се договорат однапред со работодавците, додека нивното дете не наполни осум години.

- Advertisement -

Усвоените измени на трудовото законодавство нема да важат за фирмите со помалку од 10 вработени.

Исто така, мерки за справување со осаменоста се вклучени во правилата за работа на далечина, при што се очекува компаниите да организираат состаноци лице в лице најмалку на секои два месеци.

- Advertisement -

Португалија е првата европска земја што ги промени правилата за работа од далечина како резултат на пандемијата на Ковид-19. Привремените правила го направија работењето од далечина задолжителна опција – со неколку исклучоци – и ги обврзаа работодавците да ги обезбедат потребните алатки за извршување на работата од дома.

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -