Koj град има најмногу слободни Wi-Fi места во светот?

- Advertisement -

Мексико Сити, главниот град на нацијата со 128 милиони жители, е „најповрзаниот град во светот“ во однос на бројот на јавни и бесплатни wifi жаришта, објави Гинисовата книга на рекорди.

Сертификатот и беше предаден на градоначалничката Клаудија Шејнбаум (лево), која би можела да стане првата претседателка во историјата на Мексико на изборите во 2024 година.

- Advertisement -

Мексико Сити, дом на 9,2 милиони луѓе, има 21.500 јавни и бесплатни места за поврзување на интернет, изјави портпаролот на Гинис за Латинска Америка Карлос Тапија на церемонијата на споменикот на Ангелот на независноста во центарот на градот.

Тоа е награда за политиката „право на интернет за сите“, рече Шејнбаум, мислејќи на сиромашните семејства кои не можат да си дозволат претплата.

- Advertisement -

Мексико, 15-та по големина економија во светот, има 55 милиони сиромашни или 43,9 отсто од населението, 3,8 милиони повеќе отколку во 2018 година, покажуваат владините бројки.

Сподели!
- Advertisement -