Јужна Кореја ја укинува забраната за играње онлајн игри за малолетници

- Advertisement -

Малолетните јужнокорејски обожаватели на онлајн игри се одушевени од најавата дека во јануари ќе им биде укината контроверзната забрана за играње игри ноќе.

Забраната беше воведена пред 10 години, а целта беше да се намали зависноста на децата од видеоигри. Се укинува амандманот на законот за заштита на млади. Укинувањето се планира веќе подолго време затоа што има се поголеми сомнежи во неговата делотворност.

- Advertisement -

Забраната предизвика и парадоксални ситуации. На пример, популарната игра за деца постари од 7 години, која поттикнува на креативност, Minecraft, беше достапна единствено за возрасни.

Критичарите на забраната исто така тврдеа дека се демонизира гејминг културата, а притоа не дава резултати во борбата против зависноста од игри. Последните години во Јужна Кореја, како и во многу други држави, е забележан голем пораст на популарноста на мобилните игри кои младите може да ги играат само ноќе.

- Advertisement -

Забраната ги таргетира децата помали од 16 години, кои не семееја да пристапат до онлајн игрите помеѓу полноќ и 6 часот наутро, додека на гејминг компаниите им се закануваа со поголеми казни.

И покрај укинувањето на забраната, ова не значи дека малолетните гејмери се целосно слободни. Со помош на системот наречен „дозволен избор“ родителите и децата можат сами да одредат колку и што ќе се игра, а нивниот избор ќе го одобрува Фондацијата за гејминг култура која е поврзана со Министерството за култура.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -