Бислимоски: Четврта година по ред Секретаријатот на Енергетската заедница ја прогласува РКЕ за број еден регулатор

- Advertisement -

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) четврта година по ред е оценета како број еден регулатор од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница. Во годишниот извештај за 2021 година РКЕ го дели првото место со Грузија и Црна Гора.

Секретаријатот во извештајот наведува дека РКЕ има висок професионален профил и продолжува со докажување на регулаторната независност.

- Advertisement -

-Со ова признание заокружуваме еден циклус од четири последователни успешни години тимска работа која рефлектира компетентност, кредибилитет, професионалност и независност. Признанието од Секретаријатот во Виена е потврда на сите наши активности кои сме ги презеле и одлуки кои сме донеле. Успесите не се случајни и ова признание им го посветувам на вработените кои го даваат својот максимум во сите процеси, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски кој е и претседател на Бордот на регулатори, позиција што ја нотира Секретаријатот.

Според РКЕ, од Виена и годинава посочуваат дека сложените постапки за вработување се пречка за привлекување нови кадри.

- Advertisement -

Во Извештајот се наведува и поставената веб платформа од страна на РКЕ која служи како алатка за споредување цени на електрична енергија за да се олесни одлуката при промена на снабдувач за домаќинствата и малите потрошувачи. Во однос на другите процеси, нагласена е потребата од вклучување на мрежните кодови во регулативата со кои технички се регулираат одредени прашања од аспект на функционирањето на мрежите. Во претстојниот период, пак, се очекува да се постигне усогласување со регулативите за транспарентно функционирање на пазарите преку воведување одредени правила за однесување на учесниците на пазарите.

Сподели!
- Advertisement -