Невакцинираните во Австрија од денеска се „под клуч“

- Advertisement -

Околу 2 милиони граѓани на Австрија постари од 12 години кои не се вакцинирани против корона вирусот од денеска се во карантин поради новите мерки во оваа држава. Заострените мерки се резултат на зголемениот број случаи во земјата. Луѓето кои не се вакцинирани или не го прележале вирусот смеат да го напуштат својот дом само во ретки случаи како, на пример, за набавка на продукти, за посета на лекар или за одење на работа.

Мерките за изолација ќе бидат на сила десет дена, а ги усовија покраинската и сојузната влада. Како што е најавено, владата размислува и за воведување на полициски час.

- Advertisement -

Кршењето на овие мерки ќе се казнува со 1.450 евра. Како што најави австрискиот канцелар Александат Шаленберг, карантинот за невакцинираните ќе биде контролирано.

Во Австрија моментално се вакцинирани околу 65% од населението.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -