GA и Boeing го развиваат најмоќниот ласерски топ од 300 kW

- Advertisement -

Компаниите General Atomics Electromagnetic Systems (GA-EMS) и Boeing добија договор од Американската војска за изградба на прототип од најмоќното ласерско оружје на светот -ласерски топ со моќност од 300 kW, кој ќе може да следи летачки мети и да ги „спржи“ сите летала и проектили.

Тој ласерски систем наречен HELWS се развива првенствено за рушење на суперсоничните и хиперсоничните летала и ракети кои во последно време ги демонстрираат Кина и Русија.

- Advertisement -

GA-EMS и Boeing добија задача да го развијат HELWS, со оглед на тоа дека ласерската енергетска лента патува со брзина од светлината, што на таквите системи им овозможува следење на сите летачки предмети, без оглед на тоа со кои брзини се движат и во која насока одат.

„Кога метата автоматски ќе се лоцира, ќе биде погодена, тешко оштетена, ќе биде уништена металната површина, нарушена аеродинамиката и ќе биде ‚спржена’ електрониката“ велат од GA-EMS.

- Advertisement -

Минатата година GA и Boeing се здружија на изработката на ласерско оружје со можност од 100 до 250 kW, а сега планираат да изградат уште помоќен систем од 350 kW, кој ќе се базриа на т.н. дистрибуирано засилување, што значи дека ќе се состои од бројни панели кои работат во низа, а секој е доволно мал да ја распрснува сопствената топлина.

Прототипот на системот HELWS ќе се базира на 7-та генерација Distributed Gain Designa. Ласерскиот систем се состои од две Gen 7 ласерски глави сместено во многу компактно и лесно пакување. Засега не е познато дали планираат да го произведуваат таквиот систем, кој ќе може да се вградува во авионите.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Boeing)

Сподели!
- Advertisement -