Shutterstock предвидува кои бои ќе доминираат во 2022 година

- Advertisement -

Секоја година, аналистите од сервисот за stock-фотографија Shutterstock проучуваат огромна база на слики со цел да предвидат кон кои бои најмногу ќе гравитираат дизајнерите во текот на следната година.

Оваа година, Shutterstock ја искористиле помошта на вештачката интелигенција за да истражат како некоја специфична боја се перцепира онлајн, со цел експертите за брендинг да можат да ја изберат правилната нијанса за потребите на својот клиент.

- Advertisement -

Биле анализирани милиони слики, при што биле споредувани пиксел по пиксел, во корелација со стапката на кликнување на секоја слика. Резултатот е листа на бои и нијанси за кои постои најголема веројатност да го привлечат вниманието на онлајн публиката.

Според анализита на Shutterstock, следната 2022 година ќе биде доминирана од бои кои предизвикуваат чувства на смиреност и спокојство, што не е изненадувачко со оглед на контекстот во кој се наоѓа светот.

- Advertisement -

Конкретните три бои кои биле избрани како најдобри за поттикнување на смиреност и спокојство биле “Calming Coral”, “Velvet Violet” и “Pacific Pink” („Смирувачка корална“, „Кадифена виолетова“ и „Пацифичка розова“, соодветно). Односно, во кодови – #E9967A , #800080 и #DB7093.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -