Данската војска пред два дена ги тестираше своите целосно нови електрични авиони. Данците тврдат дека електричните авиони се поевтини да користење и дека нивната еколошки прифатлива технологија има голем потенцијал.
Двата авиони Velis Electro се набавени од словенечкиот производител Pipistrel и стана првите воени авиони во светот кои ја користат таа технологија.
„Авионите немаат никаква емисија на гасови, многу се тивки и евтини за користење. Оваа технологија има преспектива која ќе биде уште повеќе развиена“ изјави поручникот Борхе Нилсен од Министерството за одбрана на Данска.
Данска ги зеде авионите на двогодишен лизинг наместо да ги купува за да го избегне ризикот од поседување опрема која не може да ја користи. Во текот на тие две години војската ќе се обиде да ги најде сите позитивни страни и маани на технологијата во електричните авиони и ќе одлучи како ќе ја примени во иднина.
Авионите ги напојуваат литиум-јонски батерии, а се многу лесни, добро направени и добро летаат, велат пилотите кои управуваа со нив. Развојот на електричните авиони го следи и САД, но моментално капацитетот на батериите не е доволен за нивните потреби.
Преминувањето на електрични авиони би бил значителен чекор во борбата против карбонската емисија.
(Klix.ba)
(фото: Pipistrel)