Облакодерите Urban Sequoia ќе можат да го апсорбираат јаглеродот од воздухот

- Advertisement -


Во текот на годинeшната климатска конференција COP26 беше предложен концептот за проектот Urban Sequoia Project, кој би можел да помогне во борбата против загадувањето, а е предлог на компанијата Skidmore, Owings & Merrill (SOM).

Станува збро за концептуална мрежа од згради кои апсорбираат јаглерод диоксид од атмосферата. Напорите за намалување на карбонското влијание на градежништвото привлекуваат големо внимание од очигледни причини – градежниот сектор е одговорен за 40% од глобалната емисија на гасови.

- Advertisement -

Ако биде успешен, проектот Urban Sequoia Project може да го намали процентот на емисија и после изградбата. Тајната е во дизајнот, кој е резултат на интеграцијата на претходните решенија за зелено градење, вклучувајќи и минимизирање на употребата на материјали, технологија за „ловење“ на јаглеродот, користење биоматеријали и оптимизација на дизајнот.

До намалување на емисијата на јаглерод диоксид доаѓа поради две причини. Материјалот кој се користи во изградбата на зградите се состои од биотули, бетон од коноп и биобетон. Но, резултатот не е само карбонски неутрална конструкција, туку она што овие згради ги прави уште попосебни е апсорпцијата на јаглерод диоксид после изградбата. Тоа значи дека овие згради не се дел од проблемот, туку може да бидат решение.

- Advertisement -

Овој проект оди многу подалеку од карбонската неутралност затоа што зградите го отстрануваат јаглерод диоксидот од воздухот со својот алтернативен пристап во дизајнот. Првиот чекор е веќе направен со прототипот, а целта е да се испита ефикасноста на решението. Карбнската емисија се намалува со користење на природни материјали, а прототипот апсорбира 1.000 тони јаглерод диоксид годишно, што е еднакво на 48.500 стебла. Според тоа, се отстранува тројно повеќе јаглерод диоксид отколку што е потребно за изградба.

Крајната цел на компанијата не е изградба на една зграда или повеќе комплекси, туку развој на концептот на пошироко ниво. Тоа значи изградба на различни објекти како училишта, семејни домови, болници, облакодери и сл. На тој начин градбите ќе се однесуваат како шуми.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -