На Германија ѝ недостасуваат 400.000 работници годишно

- Advertisement -

На Германија и недостасуваат 400.000 имигранти годишно за да одржува постојан број на вработени на пазарот на трудот, соопшти денеска Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).

„Поради демографските промени, бројот на вработени постојано се намалува и покрај мерките како зголемена вклученост на жените на пазарот на труд и пензионирање на подоцна возраст. Бројот на вработени ќе падне од сегашните 47 на 44 милиони до 2035 година”, се вели во соопштението.

- Advertisement -

Оваа пресметка ја вклучува и претпоставката дека годишно на германскиот пазар на труд влегуваат 100.000 имигранти. Експертите од ИАБ, која работи во рамките на Федералната агенција за вработување, затоа зборуваат за бројката од најмалку 400.000 имигранти кои би биле потребни за да се одржи бројот на вработени на пазарот на трудот.

Студијата зборува за „нето” имиграција, односно бројка која го зема предвид и бројот на вработени кои емигрираат од Германија, пренесува Хина.

- Advertisement -

Во соопштението се вели и дека демографскиот фактор функционира и во класичните иселенички земји во рамките на Европската унија, како што е Хрватска. Се наведува и дека платите во земјите на потекло, особено во секторот со ниски плати, во меѓувреме не се значително пониски од оние во Германија, што го отежнува отселувањето во Германија.

„Доколку вселувањето остане на исто ниво како пред пандемијата, тоа нема да биде доволно за опстанок на постојан број вработени на германскиот пазар на труд”, рече Јохан Фукс, еден од авторите на студијата на ИАБ.

Сподели!
- Advertisement -