Над 1,2 милиони луѓе го резервираа футуристичкиот камионет Cybertruck на Илон Маск

- Advertisement -

Поминаа околу две години од легендарното претставување на Cybertruck, кога во текот на презентацијата беа скршени прозорците на возилото, а овој контроверзен пикап автомобил уште не е во продажба. Но, кога ќе почне продажбата Teslа може да очекува голем број нарачки ако досегашните резервации се некаков индикатор.

Се разбира, резервацијата не значи дека некој ќе го купи возилото, но се очекува дека многу луѓе ќе се одлучат навистина да го кпат овој пикап.

- Advertisement -

Бројот на резервации мноментално изнесува околу 1,2 милиони, при што вкупната вредност на сите резервирани возила е околу 80 милијарди долари. Дека Cybertruck ќе биде голем хите беше јасно уште една недела после претставувањето, која бројот на резервации достигна 250.000.

Според првобитните планови, производството на Cybertruck досега требаше да почне, но изгледа дека првите модели од производните ленти ќе стигнат на крајот на идната година.

- Advertisement -

Интересно е тоа што Tesla неодамна на своите страници објави информации за цената на Cybertruck. Според тие информаци, цената ќе се движи од 40.000 до 70.000 долари и дури на почетокот на продажбата ќе видиме дали Маск го сменил мислењето за цената.

Ситуацијата на пазарот на електрични пикап автомобили ќе биде значително поинаква кога ќе почне продажбата на Cybertruck во однос на тао кога Маск го претстави возилото затоа што дотогаш на пазарот треба да има три конкуренти на Cybertruck – Riviano R1T, GM Hummer EV и Ford F-150 Lightning.

- Advertisement -

(Electrek)

(фото: Tesla)

Сподели!
- Advertisement -