Три источноевропски земји може да станат нов центар за микрочипови

- Advertisement -

Источна Европа може да стане нов голем производител на микорчипови ако се остварат плановите кои ги откри еден тајвански функционер. Тајван планира да ја разгледа можноста за соработка со Словачка, Чешка и со Литванија за производство на чипови изјави тајванскиот министер, иако водечкиот производител на чипови TSMC засега планира да гради погони само во САД и во матичната земја.

Трите наведени земји изразиле спремност за соработка со Тајван за производство и дистрибуција на чипови. Инаку, Тајван има удел од 63% на глобалниот пазар за чипови. Само нивната компанија TSMC држи 54% од глобалниот пазар за чипови, а компаниите како Apple и Nvidiа набавуваат до 90% од своите чипови токму од тајландските производители.

- Advertisement -

Европската комисија во септември предложи нов закон со кој се зголемува производството на чипови поради глобалниот недостиг предизвикан од доцненњето на испораката во многу земји како последица на пандемијата на КОВИД-19. Целта на тој предлог на ЕК е да се зголеми истражувањето за чипови, да се зголемат домашните производни капацитети за чипови и меѓународната соработка за производство на чипови.

Тајван моментално планира да формира работни групи со трите земји од Источна Европа за да се утврди на кој начин тие точно можат да соработуваат на производството на чипови.

- Advertisement -

(RT)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -