САД забрани влез од седум африкански држави!

- Advertisement -

Соединетите американски држави ќе го забранат влезот на повеќето патници од осум јужноафрикански земји почнувајќи од понеделник, откако беше идентификувана потенцијално позаразна нова варијанта на Ковид во Јужна Африка, изјави претседателот Џо Бајден.

Новата варијанта, наречена Омикрон, претставува нов предизвик за Бајден, кој имаше недоволен успех кога вакцинацијата на Американците е во прашање, особено по политички мотивираниот притисок од 10 држави, пишува economictimes. Бајден се соочува и со критики од меѓународни здравствени експерти и странски лидери за неуспехот да испрати вакцини во посиромашните земји. Ограничувањата за патување не забрануваат летови и не се однесуваат на американските граѓани и законските постојани жители на САД.

- Advertisement -

Според Центрите за контрола и превенција на болести, досега не се идентификувани случаи на Омикрон во Соединетите држави. Агенцијата очекува дека брзо ќе ја идентификува варијантата B.1.1.529, доколку се појави во земјата. Земјите ширум светот побрзаа да го прекинат патувањето од јужна Африка откако Светската здравствена организација рече дека Омикрон е „загрижувачки“. Многу од тие забрани влегуваат веднаш, за разлика од оние што ги издаде Бајден.

Ограничувањата се однесуваат на Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватини, Мозамбик и Малави. На повеќето неамерикански државјани, кои биле во тие земји во претходните 14 дена, нема да им бидат дозволен влез во Соединетите држави.

Сподели!
- Advertisement -