Индија забрани рекламирање на вселенскиот интернет на Илон Маск

- Advertisement -

Илон Маск и неговата компанија SpaceX не наидуваат на топол прием секаде во светот. Многумина локални телеоператори го гледаат вселенскиот интернет на Маск, Starlink, како закана за својата работа, а индиската влада смета дека Маск не би смеел на индиските граѓани да им нуди интернет без дозвола, односно лиценца која ја издаваат регулаторните тека за телекомуникација.

Со други зборови, ако Starlink сака да добие корисници во нивната земја, мора нешто да плати за сигналот за безжичен интернет кој ќе поминува низ индискиот воздух. Starlink во Индија регистрираше интернет сервис, но уште нема лиценца за користење, па властите сакаат да го спречат стартувањето на услугата пред да добијат официјална дозвола.

- Advertisement -

Оваа вест која ја објави Reuters од SpaceX уште не ја коментираат, а уште претходно најавија дека во Индија пред крајот на 2022 година ќе имаат над 200.000 корисници. Индијците моментално имаат поднесено над 5.000 преднарачки за Starlink.

Со оглед на тоа дека Индија има голема рурална популација од 898 милиони жители кои живеат на подрачја непокриени со интернет инфраструктура, земјата е многу интересна за Маск и неговата компанија. Индиската влада, пак, не го дели нивниот ентузијазам, па Маск ќе мора да понуди некаков надомест.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -