Велика Британија сака да забрани универзални лозинки на новите уреди

- Advertisement -

Во Велика Британија е предложен закон според кој сите нови електронски уреди ќе мора да имаат уникатни лозинки, односно нема да смеат да имаат лoзинки кои ќе бидат исти за сите уреди и кои после купувањето корисниците ќе мора да ги сменат. Имено, проблемот при таквите лозинки е тоа што се познати на сите, вклучувајќи ги и хакерите, кои ги искористуваат за едноставен пристап до оддалечени уреди без да ги познаваат сопствениците на тие уреди.

Иако на корисниците при купувањето уреди се советуваат веднаш да ги сменат универзалните лозинки, дел од нив тоа никогаш нема да го направат  затоа што не се свесни за опасностите кои ги демант од хакерите. За да не се случуваат такви работи, односно за уредите да бидат што побезбедни, британската влада предложи закон според кој производителите на електронски уреди повеќе нема да смеат да продаваат уреди њсо универзални лозинки кои секогаш ќе бидат исти и од корисниците ќе се бара да ги сменат.

- Advertisement -

Списокот со уреди кои се опфатени со оваа безбедносна мерка ги содржи паметните телефони, конектираните уреди, аларм системите, паметните куќни асистенти, производите за автоматизација на домовите итн. Законот уште не е стапен на сила, а кога ќе биде изгласан, производителите ќе имаат рок од 1 година за да се прилагодат.

Самиот закон е поделен на два дела. Првиот дел, освен делот за лозинките, опфаќа уште две ставки – компаниите ќе мора корисниците да ги информираат во случај да се открие некаков пропуст во безбедноста и ќе мора да бидат транспарентни за периодот во текот на кој производите ќе имаат надградби на безбедноста.

- Advertisement -

Вториот дел од законот се однесува на правилата за телекомуникациската инфраструктура за гигабитен широкопојасен интернет и 5G, а целта е да се забрза инсталацијата, користењето и надградбата на таквата опрема.

(Tech Spot)

- Advertisement -

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -