Повеќе од 20% од содржините за новите корисници на YouTube се направени од вештачка интелигенција

- Advertisement -

Студијата на компанијата за видемонтажа Kapwing, која анкетирала 15.000 од најпопуларните YouTube канали во светот или првите 100 во секоја земја, открила дека повеќе од 20% од видеата што алгоритмот на YouTube им ги покажува на новите корисници се содржина со низок квалитет генерирана од вештачка интелигенција, дизајнирана да го зголеми бројот на прегледи.

Резултатите од студијата, исто така, покажале дека 278 YouTube канали содржат материјал создаден исклучиво од вештачка интелигенција, објави денес. Податоците покажале дека содржината со низок квалитет генерирана од вештачка интелигенција сега ги преплавува социјалните медиуми и генерира околу 117 милиони долари годишно.

- Advertisement -

Сите забележани YouTube канали со вештачка интелигенција заедно собрале повеќе од 63 милијарди прегледи и имаат 221 милион претплатници, кои генерирале околу 117 милиони долари приходи годишно. Истражувачите, исто така, создале нова YouTube сметка и открике дека 104 од првите 500 видеа препорачани на корисниците биле создадени од вештачка интелигенција.

Една третина од околу 500 видеа биле оценети како brain rot, што е интернет сленг за наводниот ментален пад предизвикан од консумирање прекумерна, тривијална и нискоквалитетна онлајн содржина.

- Advertisement -

Анализата на The Guardian претходно оваа година покажа дека речиси 10% од најбрзо растечките канали на YouTube се генерирани од вештачка интелигенција, собирајќи милиони прегледи и покрај напорите на платформата да ја ограничи „неавтентичната содржина“.

Вештачките канали што ги пронајде Kapwing на YouTube се гледаат глобално, при што Шпанија има 20 милиони претплатници, Египет има 18 милиони следбеници, 14,5 милиони во Соединетите Американски Држави и 13,5 милиони во Бразил.

- Advertisement -

Најгледаниот канал со вештачка интелигенција оценет во студијата, Bandar Apna Dost, е со седиште во Индија и има околу 2,4 милијарди прегледи.

(Euronews/The Guardian)

- Advertisement -