Од компанијата Xiaomi се пофалија на социјалните мрежи дека смартфонот Poxo X3 Pro постигнал огромен успех во Европа. Имено, како што открија, Poco X3 Pro бил најпродаван телефон на Amazon во текот на Црниот петок на шест клучни европски пазари: Шпанија, Германија, Италија, Франција, Холандија и Велика Британија.
Оттаму објавија фотографија и покажаа дека Poco импресивно се развил во 2021 година. Poco X3 Pro е одличен уред и тоа го докажа продажбата за време на Црниот петок. Телефонот почна да се рподава во март годинава по цена од 249 и 299 евра, но во текот на Црниот петок верзијата со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија чинела 179 евра, а верзијата со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чинела од 200 до 220 евра.
(Klix.ba)
(фото: Poco)