Во Белгија отворен најголемиот дистрибутивен центар за чоколада во светот

- Advertisement -

Во Локерен во источна Фландрија беше отворен најголемиот дистрибутивен центар на чоколада во светот. Белгиско-швајцарскиот производител на чоколада Barry Callebaut го отвори центарот наречен Chocolate Box со висина од 41 метар, кој покрива површина со големина на 10 фудбалски игралишта.

Секоја година 75 милиони килограми спакувани чоколадни производи ќе стигнуваат на 125.000 палети од две фабрики на Callebaut, кои произведуваат околу 500.000 тони чоколада. Константната температура на центарот ќе биде 18 степени Целзиусови.

- Advertisement -

Проектот чинел околу 100 милиони евра, а производителот на чоколада гарантира подобро снабдување на странските купувачи. Белгиската чоколада има репутација на многу квалитетна чоколада, а пралине, како чоколадна бонбона, во 1912 година ја осмислил токму Белгиецот Жан Нојхаус.

Во Белгија постои и музеј посветен на чоколадата.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -