Минатата недела се одржа Demo Day со учесниците на пре-акцелераторската програма за стартапи во Косово и Македонија кои работат на green tech, која е поддржана од Министерството за Надворешни работи во Израел и Директорот за Балкан, господинот Дан Оријан, во партнерство со ПримеПоинт партнери во Македонија и партнери од Косово.
На Демо денот се претставија 6 финалисти од програмата, со нивните стартапи кои се исклучително важни во процесот на трансформација на регионот во делот на зелените технологии. Најдобрите 2ца од програмата кои ќе одат на студиска тура во Израел наредната година се Сања Лазаревска од 4.22 – производство на биоразградливи хулахопки, и Софија Дачева од WISE Additive кои произведуваат мултифункционален додаток на грозје грозје.
Оваа програма има за цел да ја зближи и развива регионалната соработка на Македонија и Косово со поддршка на Израел како лидер во светот за технолошки иновации, и да креира бизнис платформа за соработка и развој.